Лени Кравиц (56) се соблече за „Men’s health“

6 октомври 2020

Омилениот рокер и секс симбол Лени Кравиц (56) се соблече за насловната страна на ноемвриското издание на магазинот „Men's health".

Во интервјуто за магазинот, патем проследено со фантастична фотосесија, Лени зборува за тоа како го одржува своето здравје и кондициона форма, како успева да го задржи смирениот дух особено во оваа вонредна ситуација, а зборува и за неговата пријателска релација со порнешната сопруга Лиза Бонет и нејзиниот партнер Џејсон Момоа, за кој вели дека му е како брат.

Целата приказна прочитајте ја на „Men's health", а во продолжение погледнете и дел од фотосесијата.

За потсетување, во мај минатата година Лени ја посети и Македонија и одржа фантастичен концерт во Скопје во рамките на неговата светска турнеја „Raise Vibration".

Објавено:
6 октомври 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
588 пати