Авторитетната адвокатка Амал Клуни, воедно и една од најстилските деловни жени на денешницата, деновиве на конференција во Мадрид се појави во одлично модно издание.
Впечатлив комбинезон, во металик-жолта нијанса, во крој на едно рамо – беше нејзиниот моден избор што ги заслужува сите комплименти, а воедно може да ви послужи и како инспирација за убав повод или коктел настан ова лето.
Сопругата на познатиот актер, Џорџ Клуни, неретко бира комбинезони како функционален, практичен , а истовремено стилски избор за различни прилики.
Досега, во повеќе наврати се појавила во јавноста во шик модели на комбинезони од моменти во опуштен амбиент до најсвечени настани со пропишан дрес-код.
Со својот пример, Амал практично ни ја доловува мултифункционалноста на ова безвременско парче.
Во прилог неколку фотографии со нејзините највпечатливи изданија во комбинезон.
Фото: Пинтерест