Мајките ја нападнаа Меган: „Не знаеш да го држиш сопственото бебе“

11 јули 2019

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл за прв пат се појави на јавен настан со нејзиниот син Арчи, во друштво на Кејт Мидлтон и нејзините три деца.

Двете војвотки ги гледаа принцот Хари и Вилијам на хуманитарниот поло натпревар, но мајките забележаа нешто и веднаш ги преплавија социјалните мрежи.

Критиките беа упатени кон начинот на кој Меган го држи нејзиното новороденче, а најголемиот дел се однесуваа на тоа дека во секој момент може да го испушти од раце.

„Изгледа дека ќе го испушти бебето во секој момент“, „Таа не знае како да го држи сопственото бебе“, „Начинот на кој таа го држи малиот Арчи...Страшно“, „Можела барем да му стави капче и чорапчиња на кутрото бебе“, „Од начинот на кој го држи, се гледа дека не го чува“, беа само дел од негативните коментари што беа објавени на социјалните мрежи.

Секако, обожавателите на војвотката веднаш „скокнаа“ во нејзина одбрана со објаснување дека таа е нова во мајчинството и дека сите на почетокот сме ги држеле бебињата на сличен начин.

Други коментираа дека бара начин како да го заштити од камерите и фотоапаратите што ги има насекаде кога кралското семејство е во прашање.

Инаку, ова е прво појавување на Меган на јавен настан заедно со нејзиниот син Арчи, а што е уште поинтересно, една од ретките заеднички дружби со војвотката од Кембриџ, Кејт.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
11 јули 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
20.993 пати