Marc O’Polo ги ангажираше Ума Турман и Џеф Бриџис за новата кампања

7 јули 2014

Џеф Бриџис веќе трета сезона по ред е заштитно лице на машката линија на брендот Marc O’Polo, а за потребите на новата кампања е ангажирана и Ума Турман, која за прв пат потпишува договор со германско – шведскиот бренд. Двајцата актери се ангажирани за промоција на есенско – зимската колекција за 2014/15 година, а фотографиите се дело на Марио Соренто.


Ума Турмзн стана заштитно лица на женската линија на брендот не само поради природниот изглед, туку и своите корени. Односно Marc O’Polo е основан во Стокхолм пред 47 години, но одамна седиштето му е преместено во Германија, а мајката на актерката, Нена фон Шлебриге беше топ модел во 50-тите и 60-тите години, нејзината баба Ума исто така била модел и била мажена за германски барон, а таткото на актерката, Роберт Турман е првиот Американец кој стана будистички монах во Тибет. Всушност целата нејзина приказна е доволно мотивирачка за новото лого на кампањата односно „Follow your own nature“. За сега во јавноста се појавени само две фотографии за новата кампања, која официјално ќе биде лансирана на 4 август.

Објавено:
7 јули 2014
Категорија: 
Сцена