Покрај тоа што знае како да го привлече вниманието и да предизвика позитивни коментари и воодушевување со нејзините актерски таленти, холивудската актерка Марго Роби несомнено знае како да остави силен впечаток и на црвенот килим.
Фото: Getty
Земајќи ги предвид креацијата на Celine со наметка што ја носеше на лондонската премиера на филмот „Amsterdam", па сè до изразито невестинскиот фустан на Шанел што го носеше на премиерата на филмот во Њујорк, ѕвездата докажува дека знае како да го сграпчи вниманието и да го задржи на себе.
Па така и овојпат, за време на доделувањето на WSJ Innovator Awards, Роби се одлучи за малку поинаков пристап. Актерката ги избегна своите вообичаени обемни фустани и наместо тоа избра бел костум од Proenza Schouler.
Фото: Getty
Фото: Getty
Но, она што го прави овој костум невообичаен е неговиот крој. Имано, верно на современиот пристап на брендот кон силуетите, панталоните беа ѕвонарки со долги и широки ногавици, додека пак сакото се карактеризираше со соодветно ѕвонести долги ракави. Под него, актрката носеше долга црна кошула од тантела со која постигна храбар контраст.
Ова не е првпат Марго да се одлучи за необичен костум. Еден таков беше црвениот костум со потпис на The Andamane, чиј предимензиониран блејзерј го комбинираше со хеланки од ликра и го носеше за промоцијата на „Suicide Squad 2" во Л.А. минатото лето.
Фото: Vogue