Марго Роби со храбар исчекор од комфорната модна зона – фантастична во црвен фустан од Валентино

14 јануари 2023

Марго Роби заслужува аплауз за модниот избор што го направи за црвениот тепих на лондонската премиера на филмот „Babylon" во кој глуми заедно со Бред Пит.

Направи исчекор од комфорната зона и одбра црвена тоалета од Валентино со неконвенционален концепт, предниот дел е скроен како плисирана наметка, а грбот е целосно отворен што му ја даваа онаа доза на сензуалност која балансира меѓу сексапилност и елеганција.

Фустанот е од колекцијата за пролет-лето 2023 и е создаден за да го собере целото внимание на себе, особено ако го носи Марго Роби со црвен кармин.

 

Објавено:
14 јануари 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
461 пати