Меланија Трамп ја засени кралицата Ранија во совршен зелен костим

6 април 2017

Деновиве во официјална посета на САД пристигнаа кралот Абдула и кралицата Ранија од Јордан која важи за една од најстилските жени во светот.

За средбата со кралицата Ранија и нејзиниот сопруг, првата дама на САД Меланија Трамп одбра прекрасна креација во зелена боја составена од елегантен тесен фустан до колената и марама нагласена со црн ремен на половината.

По којзнае кој пат таа докажа дека е вистинска дама и дека навистина има посебен стил, а истиот особено го истакнува кога се јавните настани во прашање.

Кралицата Ранија пак, која важи за една од најстилските жени во светот која одбира креации од брендови како Гучи, Александар Меквин и Балман, се појави во тесно црно здолниште до колената комбинирано со свилена црна кошула со бели детали во пределот кај јаката.

Кога станува збор за дизајнери, првата дама на САД повторно го одбра нејзиниот омилен Херв Пјер со кого соработуваше за Инаугурацискиот бал.

Што се однесува до бојата, многумина ќе кажат дека е паметно одбрана, со оглед на тоа што таа има големо значење во исламската вера и е дел од знамето на Јордан, но и била омилена на пророкот Мухамед.

По официјалната средба, двете прекрасни дами го посетија училиштето за девојчиња Ексел каде истакнаа колку образованието е од исклучителна важност за младите, а Меланија Трамп посочи дека тоа е многу важен дел од нејзината агенда како прва дама на САД.

Објавено:
6 април 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
7.045 пати