Сијаличките на Националната елка пред белата куќа беа запалени вчера. Меланија и Доналд Трамп ги поздравија присутните, а првата дама всушност и ја имаше честа да ги вклучи сијаличките.
Ден потоа се зборува за две работи - стајлингот на Меланија Трамп и заминувањето на Доналд Трамп од манифестацијата што е во негова организација, односно на неговиот тим.
Првата дама за оваа пригода одбра комплетно бел стајлинг.
Меланија се појави во бел капут од брендот „Макс Мара“, кој чини нешто повеќе од 4.000 долари, во комбинација со бела плетена ролка и тесно здолниште. Кога се модните додатоци во прашање, стајлингот е заокружен со високи чизми и во светла беж нијанса.
Минатата година, се одлучи за црвен капут од „Шанел“ и беж „Лубутан“ чевли.
фото извор: footwearnews.com, dailymail.co.uk; breitbart.com'