Мет Гала 2014: Вечер со модни погодоци и промашувања

6 мај 2014

kolaz

Њујорк вчеравечер беше местото каде што се случи една од најгламурозните вечери во годината. Метрополитен Музејот на уметноста во Њујорк уште еднаш беше местото каде што можеа да се видат најубавите и беспрекорно одбрани тоалети од познатите холивудски диви.

По минатогодишната панк тема на Мет Галата, ретро елеганцијата уште еднаш оваа година беше сигурна варијанта на која играа организаторите во вечерта посветена на дизајнерот Чарлс Џејмс.

Ана Винтур Ана Винтур

И оваа година, домаќин на Мет Галата традиционално беше уредничката на американскиот Вог Ана Винтур, а цената на картите ја заокружи можеби најголемата цифра до сега – истите можеа да се купат по цена од 10.000 па сѐ до 25.000 американски долари.

На црвениот килим на манифестацијата се чини највпечатливи беа „девојките на Стела Мекартни“, односно Ријана, Кара Делевињ, Кејт Босворт и Рис Витерспун кои буквално блеснаа во некои од нејзините најубави креации.

Стела Мекартни со Рис Витерспун, Кара Делевињ и Кејт Босворт, облечени во нејзини креации Стела Мекартни со Рис Витерспун, Кара Делевињ и Кејт Босворт, облечени во нејзини креации

Годинава, најмногу се очекуваше комбинацијата на секогаш беспрекорната нова миленичка на Холивуд Лупита Нјонго, за чиј стајлинг вчеравечер имаше многу поделени мислења. На Мет Галата таа се појави во фустан на Прада инспириран од 20 – тите, со многу пердуви и скапоцени камења на него, а истиот во комбинација со венчето поставено преку главата на актерката дефинитивно потсетуваше на стилот на жените од дамнешните африкански племиња.

Лупита Нјонг  - Прада Лупита Нјонг - во креација на Прада

Сосема едноставна комбинација од бела, долга тоалета со карнер преку градите вчеравечер одбра дизајнерката Викторија Бекам која на манифестацијата сосема очекувано се појави со нејзиниот сопруг кој исто така одбра бела елеганција преточена во совршен машки костим.

Бекамови

Особен впечаток оставија и актерката Блејк Лајвли, пејачката Тејлор Свифт и Бијонсе, Ен Хатавеј која се појави во секси црвена комбинација, но и секогаш впечатливата Сара Џесика Паркер која за приликата одбра бела масивна тоалета од Оскар де ла Рента со соодветна фризура и шминка за истата.

Ен Хатавеј - фустан Келвин Клајн Ен Хатавеј - фустан Келвин Клајн

Нешто што сите го забележаа, беше и можеби најактуелната двојка во моментов Ким Кардашијан и Канје Вест кои на црвениот килим се појавија во нивното можеби најдобро заедничко издание досега, се чини како поука од минатата година кога Ким беше исмејувана месеци подоцна откако на истата манифестација се појави во целосно цветен, тесен фустан со чевли во ист принт.

Ким и Канје

Она што дефинитивно вреди да се спомене е тоа дека вчеравечер неверојатен впечаток на манифестацијата оставија и манекенките, која секоја во свој стил, блеснаа на црвениот килим.

Но, имаше и такви кои изненадија негативно, како на пример Андријана Лима, Кејт Аптон, Кирстен Данст, со образложение дека фризурата и шминката не соодветствуваат на фустанот. Со негативни коментари се соочи и Кети Холмс која носеше волуменозна жолта тоалета, секогаш впечатливата Рита Ора, но и Сара Џесика Паркер. Потписот на дизајнерот во долниот дел од фустанот, како и веќе сто пати видената форма на фустан, овој пат предизвикаа негативни коментари. На оваа листа се најде и домаќинката Ана Винтур.

Сара Џесика Паркер - фустан Оскар де ла Рента

Погледнете ги највпечатливите комбинации на годинешната Мет Гала. Што на вас остави најголем впечаток

Објавено:
6 мај 2014
Категорија: 
Сцена