Мила Јовович ги покажа првите фотографии од ќерката Ошин

5 февруари 2020

Откако најголемата ќерка, Евер Габо на својот Инстаграм профил објави фотографија со новиот член на семејството и напиша: „Ѝ посакувам добредојде на овој свет на мојата нова сестра Оушин. Те сакаме“, денес и Мила Јовович ги сподели убавите вести со обожавателите и фотографии од најмалиот член.

„Здраво на сите!!! Откако без мое знаење Евер Габо ја откри веста за новото бебе вчера, што ја прави оваа вест „стара вест“, сепак ќе каже дека во 8.56 наутро на 02.02.2020 нашата мала ќеркичка Ошин Ларк Елиот Јовович -Андерсон е родена. Ошин е машко велшко име и знам дека е долго, но не можевме да се договориме за нејзиното средно име, па ги ставивме двете. Таа е толку прекрасна. Нејзината коса е посветла одошто им беше на другите девојчиња и многу е цврста. Нејзините малечки раце ги движи постојано и тешко е да се контролира, а веќе ја крева главата да види што се случува наоколу! Таа е нашето чудо и сите сме благодарни што има имаме. Подоцна ќе објавам уште некоја фотографија, сега сите сме исцрпени, бидејќи претходните неколку ноќи беа луди! Ви праќам многу љубов од облакот на кој сега летам!!!“, е дел од објавата.

Познатата актерка со црногорско потекло, чие вистинско име е Милица Богдановна Јовович, е во брак со режисерот Пол Андерсон од 2009 година. Покрај Евер Габо, тие се родители и на 4-годишната Дашиел Иден.

Инаку, актерката често на својот Инстаграм профил споделува лични дилеми и доживувања. Така, минатата година, Мила откри дека морала да помине низ итен абортус. Преку нејзиното искуство, таа се залагаше за правото на жените да имаат достап до безбеден абортус кога имаат потреба од него.

„Абортусот е доволно тежок за жените на емоционално ниво, дури и ако не мора да го прават во потенцијално небезбедни и нехигиенски услови. Лично. морав да поминам низ итен абортус пред две години. Бев бремена четири и пол месеци и снимав филм на локација во Источна Европа. Започнав предвреме да се породувам и ми рекоа дека морам да бидам будна во текот на целата процедура. Тоа беше едно од најужасните искуства низ кои некогаш сум поминала. Сè уште имам кошмари поради тоа. Бев сама и беспомошна.

Кога ќе помислам на фактот дека други жени можеби ќе се соочат со абортуси дури и во полоши услови од мене поради новите закони, стомакот ми се превртува.

Јас западнав во една од најлошите депресии во мојот живот и морав да работам екстремно напорно за да го пронајдам својот излез. Ја ставив мојата кариера на пауза. Се изолирав себеси со месеци и морав да покажувам сила пред моите две прекрасни деца. Започнав да се занимавам со градинарство, да се хранам поздраво и да посетувам фитнес сала секој ден, бидејќи не сакав веднаш да скокнам кон земање антидепресиви пред да ја испробам секоја друга алтернатива.

Му благодарам на Господ, јас можев да го најдам својот излез од тој личен пекол без да земам лекарства, но сеќавањето од она низ што поминав и она што го изгубив, ќе биде со мене до денот кога ќе умрам. Абортусот е најголемиот кошмар. Ниту една жена не сака да помине низ тоа. Но, ние мораме да се бориме за да ги задржиме нашите права да имаме безбеден абортус доколку ни е потребен. Никогаш не сум сакала да зборувам за ова искуство, но не можам да молчам кога влогот е толку голем“, пишуваше тогаш актерката.

 

фото извор: @millajovovich; @imillajovovich

Објавено:
5 февруари 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
5.624 пати