На 41 година, планетарно популарната Мила Јовович изгледа подобро од кога и да е, благодарение на самодовербата со која зрачи и секако, убавината за која се грижи на многу едноставен начин.
Во едно интервју за магазинот W актерката и модел со потекло од Украина, вели дека со оглед на тоа што доаѓа од Европа, никогаш не сака да биде премногу нашминкана како што впрочем е и пракса на тамошните девојки.
„Мислам дека најдобро изгледам кога сум своја. Не сакам да носам многу шминка, особено кога сум во Европа. Мислам дека колку помалку шминка носите, тоа подобро. Јас пораснав во Европа, а таму девојките не сакаат многу шминка. Отсекогаш сум сакала да изгледам природно. Обидете се да користите само соодветна пудра добро нанесена и во принцип, тоа е тоа. Во моментов имам кул фризура, па ја оставам да биде таква каква што е“, вели таа во интервјуто.
Едноставните трикови за убавина што ги применува години наназад се оние кои прават да изгледа толку младо и свежо во секој момент.
„Мислам дека триковите за убавина се исти отсекогаш. Мора да пиете многу вода, да спиете доволно, да употребувате добри креми за лице, да се храните здраво и тоа е тоа. Мора да направите баланс помеѓу деновите кога сето тоа мора да го почитувате и оние денови кога сакате малку да мамите“, на шега вели актерката.
Како што самата ќе каже, секогаш треба да сте свесни за најубавите делови од вашето тело и истите да ги истакнете.
„Мене ми се допаѓаат моите очи и секогаш сакам тие да се истакнати и дефинирани. Ако одам на некој свечен настан, сакам добра основа на лицето, трепките да ми се истакнати и очите добро нашминкани“, додава таа, посочувајќи дека кога сака да изгледа свежо, веднаш нанесува малку руменило и се случува вистинска магија.
За крај на интервјуто, таа говори за она што денеска ја прави среќна како што впрочем изгледа каде и да се појави. Таа ќе посочи дека за изгледот од огромна важност е и тоа како човек се чувствува одвнатре.
„Никогаш не сум била посреќна. Многу пати во животот бев збунета, не се чувствував добро и имав многу лоши мисли кои правеа да бидам депресивна. Сега сѐ е толку јасно. Мислам дека раѓањето на мојата ќерка го направи тоа. Тоа е дефинитивно најдобрата работа што ми се случила“, вели актерката за крај.