Минатата недела во Лос Анџелес се случи премиерата на серијата „The First Lady" која од 17-ти април започна да се емитува на тв мрежата „Шоутајм", а ѕвезди на црвениот килим беа трите дами кои ги портретираат улогите на Првите дами во серијалот: Вајола Дејвис (Мишел Обама), Мишел Фајфер (Бети Форд) и Џилијан Андерсон (Еленор Рузвелт).
63-годишната Мишел Фајфер остави фантастичен моден впечаток, во целосно црна – елегантна комбинација. За оваа прилика таа одбра дводелно одело од Селин: панталони во поширок крој до глужд, краток блејзер во комбинација со црна свилена кошула, акцентирана со златен накит. Во седмата деценија од животот, таа покажа како изледа прочистена елеганција во црно, достојна за црвениот килим.
На премиерата беше придружувана од нејзиниот сопруг Дејвид Кели со кого е во брак од 1993 година.
Во серијата таа ја толкува улогата на Првата дама на САД од 1974 до 1977 година, Бети Форд, за која признава дека не знаела многу детали пред да ја добие улогата, па затоа истражувала многу за неа.
„Ја прочитав секоја книга напишана за неа. Ја прочитав секоја книга што таа ја напишала. Имало многу интервјуа со неа и нејзини јавни говори, па ја студирав и од таму. Имав многу материјал како извор на информации", вели Мишел за тоа како се подготвувала за улогата.
Серијата ја истражува американската историја низ очите на истакнатите жени во политиката. Се фокусира на делот од Белата куќа во која биле донесувани некои од најважните одлуки сокриени од јавноста, а зад кои стојат токму првите дами на САД.
Се следат патувањата, личниот и политички живот на дамите. Во првата сезона се прикажуваат три американски први дами - Елеонор Рузвелт, Бети Форд и Мишел Обама.
Ним ќе им се приклучат и Кифер Сатерленд како Френклин Рузвелт, Арон Екхарт како Џералд Форд и О.Т Фагбенли како Барак Обама.
Меѓу актерската екипа се и Дакота Фенинг, Дерек Сесил, Кристин Фросет и други...
Автор на серијата е Арон Клуни, додека режијата е на Сузан Биер (In Better World, The Night Manager).
Фото: AP images