Мишел Фајфер со сопругот прославија 30 години брак – симпатично селфи за јубилејот со убава порака

14 ноември 2023

Холивудската актерка Мишел Фајфер заедно со нејзиниот сопруг, телевизискиот продуцент Дејвид Кели одбележаа 30 години брак.

По овој убав повод, актерката сподели симпатично селфи заедно со нејзиниот сопруг на инстаграм со порака „30 години среќа".

Холивудскиот пар е во брак од 13 ноември 1993 година, а заедно го имаат синот Џон Хенри и ќерката Клаудија Роус, која Мишел ја посвоила непосредно пред да се запознае со Дејвид Кели.

Ова е втор брак за Мишел, која претходно во период од 1981 до 1988 беше мажена за актерот Питер Хортон.

Со овој јубилеј, Мишел и Дејвид се издвојуваат како еден од оние холивудски парови кои успеале да го одржат својот брак долги години, а на оваа листа се надоврзуваат и Мет Дејмон со сопругата Лусијана Баросо, Пирс Броснан и Кили Шеј Смит, Кевин Бејкон и Кира Сеџвик...

 

Објавено:
14 ноември 2023
Категорија: 
Сцена
Тагови: 
Мишел Фајфер