Се чини дека поранешниот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел ги живеат најдобрите денови од нивниот живот откако пред само неколку месеци си заминаа од Белата куќа.
Во моментов тие се на одмор во Тоскана, Италија каде уживаат во секојдневните прошетки по прекрасните места, во нивната храна, пејсажите, голфот и возењето велосипед низ локалните села.
Поранешната прва дама на САД за одморот во Италија подготви неодоливи комбинации кои само таа знае како да ги носи, а и прилегаат неверојатно.
Она по што деновиве таа беше забележана беше дефинитивно белата кошулка со откриени рамена која таа ја комбинираше со темно зелени широки панталони во војнички стил и удобни летни сандали.
Комбинацијата таа ја надополни со накит во златна нијанса и големи црни очила за сонце.
За прошетката низ Сиена, нејзиниот сопруг се ослободи од спортската опрема со која претходно возеше велосипед и се одлучи за лежерна сина кошула од лен и темно сини панталони.
Тие пристигнаа во Италија во петокот со засилена полициска придружба која постојано ги следи каде и да се појават.
За време на викендот, Мишел се појави во неодолива и тренди розова кошулка со еден ракав и бели панталони кои ѝ прилегаа одлично. Придружувана од нејзините пријатели и тајните служби, таа прошета низ прекрасното гратче Монталчино каде се воодушевуваше на фантастичните пејсажи.
Тие имаа време и да уживаат во фантастичните терени за голф, особено поранешниот американски претседател кој е страстен обожавател на голфот.
За вечерата на кој им беа послужени бројни италијански специјалитети, Мишел се појави облечена во целосно бела комбинација составена од лежерна кошулка со карнери и широки бели панталони.
За време на нивниот петдневен престој во Италија, тие ќе можат да уживаат во прекрасниот амбиент на вилата Борго Финочето во Тоскана која е резервирана само за нив.
Истата му припаѓа на поранешниот амбасадор во Италија Џон Филипс, а доколку некогаш сакате да ја посетите истата, за ноќевање ќе мора да платите 15.000 долари.