Пандемијата наметна сосема нови навики кај луѓето, на секое ниво: во секојдневието, на работното место, во социјалниот живот... Промените што ни се случуваат значат и адаптација на едно ново време што ни донесе и нови предизвици.
Модата не е исклучок во ниту еден сегмент, па трансформациите што се случуваат во оваа сфера се драстични.
Уличната мода пак, од своја страна, секогаш била матрица каде се зачнуваат нови инвенции и идеи, како одговор и реакција на општествените случувања. Во овие животни околности, протагонистите од уличната мода изнаоѓаат различни опции, како личната одговорност да ја спојат со личниот имиџ.
Оливија Палермо, една од омилените стилски дами во светот на уличната мода, ќе ја посочиме како позитивен пример која ги почитува протоколите за заштита, а притоа остана доследна на својот препознатлив имиџ, со тоа што бандана – марамата на лице, стана задолжителен моден додаток во нејзиниот стил.
Соодветно адаптирајќи ги дезените на банданите на аутфитот, Оливија посочи како општествената одговорност и модната освестеност не се исклучуваат, туку напротив одлично функционираат.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram