Кендал Џенер, Џордан Дан, Карли Клос, Лара Стоун и Џиџи Хадид предизвикаа вистинско лудило на годинешната хуманитарн Амфар Гала во рамки на филмскиот фестивал во Кан.
Тие се појавија во неверојатно секси изданија, а на жешкиот подиум ги покажаа нивните неверојатни танцувачки способности.
Дел од Амфар Галата беше и модно шоу на кое познати модели носеа дизајнерски креации, кои потоа беа ставени на аукција за собирање на парични средства за лицата заболени од СИДА.
Најголемо внимание од сите модели што се појавија во Кан, дефинитивно предизвика Кендал Џенер која се појави во виолетова, дводелна креација од колекцијата на Калвин Клајн.
Во беспрекорни секси изданија се појавија и моделите Џордан Дан и Карли Клос, која за оваа пригода одбра златен тесен фустан со отвори од страните.
Меѓу присутните можевме да ја видиме и пејачката Рита Ора која се појави во прекрасна црвена тоалета со црн појас на средината.
Вистински убавици беа и актерката Ева Лонгориа и нејзината помлада колешка Сиена Милер која на црвениот килим на Амфар Галата се појави во долг златен фустан со тенки прерамки во кој изгледаше подобро од кога и да е!
Во продолжение во галеријата, погледнете ги сите прекрасни стајлинзи на познатите кои се појавија на годишнета Амфар Гала во рамки на Канскиот филмски фестивал.