Еден од најважните филмски настани, Канскиот филмски фестивал започнува денеска. Пред да видиме какви модни изненадувања ќе понуди фестивалот на кој отсекогаш имало беспрекорна мода, одлучивме да направиме поглед наназад и да се потсетиме на некои од највпечатливите изданија.
Првата Канска филмска манифестација е одржана во далечната 1946 година и до ден денес важи за една од најпрестижните филмски манифестации. Ретроспективно низ годините на црвениот килим продефилираа голем број на ѕвезди и познати личности не само од филмската индустрија, туку и од музичката, модната индустрија и бизнис елитата.
Гламурот, луксузот и раскошот се главните синоними со кој што се одликуваат креациите што ги носеле дел од најголемите филмски диви. Оваа година се очекува фестивалот да ги надмине своите очекувања и да понуди вистинска стилска плејада на фустани кои што грациозно ќе се лелеават на црвениот килим пркосејќи му на францускиот шарм.