Французинките се често модна инспирација за останатите жени во светот. Едноставни, а сепак револуционерни во својата појава, за овие жени суштината е во ненаметливиот, а можен минимализам.
Во тој контекст, едно од најголемите модни влијанија секако ги изврши и Брижит Бардо. Таа не беше сосема типична Французинка, па затоа и беше уште поинтересна
Со совршени облини и пин-ап стилот, внесе посебна доза на сексапил. Но, не се откажа и од она што е императив за Французинките – сведената елеганција.
Во нејзиниот стил може да се најде совршена модна инспирација за многу пригоди, а фокусот овој пат го ставаме на летните стајлинзи.
Шапките, лентите во коса беа нејзин „must-have“. Може ли да постои Французинка која нема омилени парчиња во риги?
Фустаните со карнери кои речиси секоја летна сезона се присутни, се нешто во што Брижит можеше да се види и тоа на големото платно.
Приватно, во нејзиниот стил доминираа белите кошули, панталони и џемпер или блиузи, црните и бели костими за капење (најчесто бикини)... и на крај – секако црвениот кармин!
Во продолжение ве потсетуваме на некои нејзини стајлинзи, кои сигурни сме ќе ве инспирираат за актуелната сезона, а кои ќе ги приспособите на вашиот стилски сензибилитет: