Модната елита на гала вечерата на Миуча Прада

7 септември 2015

Значајни имиња од модната фела и глобалниот шоу бизнис беа присутни на гала вечерата што во рамките на Венецискиот филмски фестивал ја организираше Миуча Прада по повод новите продолженија од серијата филмови на Миу Миу, Women's Tales.

Во престижната палата Ca' Corner De La Regina во Венеција, беа промовирани двете кратки филмски продолженија, насловени De Djessand и Le 3 Boutons.

Меѓу присутните гости беа и: Франка Соѕани, Дакота Џонсон, Сиа, Стејси Мартин, Изабела Ферари и други.

 

Објавено:
7 септември 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
426 пати