Лејди Гага деновиве е во Њујорк, каде течеше снимањето на нејзините Unpluged концерт за „Ем-Ти-Ви“ заедно со Тони Бенет, кој треба да се одржи денес.
Но, вниманието на јавноста сосема го привлече со нејзините модни комбианции - женствени, а сепак толку впечатливи.
Таа неделава беше неколку пати забележана во кругот на хотелот „Плаза“ каде престојува, а погледнете и како изгледаше:
Белиот фустан е со потпис на Џамбатиста Вали, додека палтото е од модната куќа „Фенди“.
Комбинација 2: Црно-бел фустан со набори и шлиц, креација на Џузепе ди Морабито.
Комбинација 3: Црн фустан со тантела и волуменозно здолниште е од модната куќа „Александар Меквин“
Комбинација 4: Розов миди фустан што ја следи линијата на телото од дизајнерката Александра Рич
Која најмногу ви се допаѓа?