Модно шоу на Шерон Стоун на црвениот килим во Кан
•
23 мај 2022
Вчерашниот ден на 75-то издание на Канскиот филмски фестивал, црвениот килим беше во знакот на Шерон Стоун.
64-годишната актерка присуствуваше на премиерата на филмот „Forever Young" и притоа го „украде" шоуто на црвениот килим.
Се појави во маркантна, двослојна тоалета со порцелански дезен, дизајн на модното дуо Долче и Габана.
Додека позираше, со асистенција го извади горниот волуменозен дел и тоалетата доби сосема поинаква верзија, со елегантна силуета.
Инаку Шерон Стоун е долгогодишна пријателка на Долче и Габана. Актуелна е како заштитно лице на нивната нова кампања за чантата „Devotion".
Фото: Daily mail / Getty images