Изминатата недела имаше богата програма од случувања низ Скопје. Овој пат, за коментирање во модното жири избравме неколку јавни личности. Од обемната галерија издвоивме: актери, водителки, пејачки, стилисти, за кои во продолжение ќе прочитате како професионален дизајнерски тим ги коментираше во позитивна или негативна конотација.
Ултра модерниот асиметричен пуловер можеби би одел подобро во комбинација со шик панталони, а не со туника и мрежести чорапи. Црната боја е сигурна варијанта,кога станува збор за погламурозен настан.Едноставно комбинацијата можела да ја разбие со некој колоритен и масивен накит. Минималната шминка и фризура честопати се во предност, единствено повеќе внимание можела да посвети на косата.
Кожното палто секогаш е актуелно и е сигурен избор, но комбинирано со тиролка и чизми во оваа сезона, можеби не се најсоодветниот избор. Нејзината прекрасна фигура заслужува понагласен и впечатлив изглед.
Дадар и не е толку лошо облечен, меѓутоа недостигаат моменти што би направиле неговиот стајлинг да биде беспрекроно добар, како на пример второ копче на сакото и панталони од материјал што е поблиску до материјалот на сакото. Ако го анулираме ременот и ги внесеме горенаведените забелешки, стилистот би изгледал како вистински џентлмен.
Не може да не забележиме дека премногу кратко здолниште, е повеќе како за излегување во дискотека, а не на промоција од ваков тип. Водителката Ивана и покрај тоа што избрала тренди комбинација, сепак е прекратко за настанот а во однос на аксесоарите направила добар избор.
Коралот како нијанса е веќе актуелна неколку лета и изгледа прекрасно и во оваа комбинација на романтичен фустан, само со поинакви обувки во поелегантна линија би изгледала совршено.
Партнерката на Славиша делува природно и се чувствува дека се пронаоѓа во тоа што го носи. Со црната боја не згрешила за пригодата, единствено изборот на обетки можел да и биде поинаков.
Очигледно дека Славиша во духот на неговата актерска професија, сакал да го истакне својот индивидуализам. Но сакото во пруги го прави постар, кошулата е за некоја посвежа комбинација, фармерките со старки се кул комбинација, но сепак типот на настанот заслужува поинаков пристап кон изборот на гардероба.
Сопругата на Сашко Коцев изгледа симпатично во специфичната туника со интерсени принтови и крој, меѓутоа можела да избере високи потпетици што ќе ја изголжат нејзината фигура.
Изгледот на Сашко е комбинација од два синхронизирани стилови. Елеганцијата од една страна со кошулата и сакотото, од друга страна, спортски со патиките и фамерките. Спортската елеганција навидум изгледа лесна за да се долови, но ако не се следат правилата е ризично.
За водителката Лила немаме никаква забелешка во однос на стајлингот. Едноставно таа секогаш умее да го избере она што најдобро и прилега усогласено со настанот на кој присуствува.