MTV видео наградите во знакот на модните промашувања

25 август 2014

Вниманието на јавноста вчеравечер беше свртена кон Лос Анџелес и доделувањето на годишните Ем-Ти-Ви видео награди. На црвениот килим прошетаа дел од најголемите ѕвезди, во креации на светски познатите дизајнери, а меѓу нив се најде и дизајнерот со македонско потекло, Тони Матичевки. Негова креација носеше водителката Рене Барг и беше една од забележаните во позитивен контекст.

Рене Барг во креација на Матичевски, од колекцијата пролет-лето 14 Рене Барг во креација на Матичевски, од колекцијата пролет-лето 14

Таа се истакна во црн фустан со мрежести елементи во долниот дел и кај деколтето, во комбинација со елегантни сандали и бела клач чанта.

Сепак, Рене беше една од неколкуте што навистина блеснаа на килимот. Одличен избор направи и Гвен Стефани со пинк панталони во комбинација со кожа и корсет во истата боја, или Нина Добрев во креацијата на Зухаир Мурад.

Гвен Стефани Гвен Стефани

Нина Добрев во Зухаир Мурад Нина Добрев во Зухаир Мурад

Голема доза на провокативност, на моменти и вулгарност, како и на веќе видени ретро модели го обележаа оваа издание на музичките награди, барем кога е модата на црвениот килим во прашање. Кети Пери е убедливо најголемото промашување на вечерта, со пачворк фустан од тексас на Версаче, што речиси и да нема човек што не го потсети на оној на Бритни Спирс од 2001 година на American Мusic Awards.

Bv2MtA0IMAMeTwH

Тејлор Сфивт можеби го направи и првото модно промашување. Таа носеше боди со долги ракави, креација на Ели Сааб, но во неа не изгледаше воопшто привлечно. Преслабата фигура на пејачката направи да изгледа премногу ситно во него.

Тејлор Сфивт во креација на Ели Сааб Тејлор Сфивт во креација на Ели Сааб

Една од ѕвездите по која сите се вртеа беше Џенифер Лопез. Пејачката се појави во мошне провокативна сребрена тоалета, што од една страна предизвика воодушевување, имајќи ја предвид нејзината совршена фигура, но од друга негативни реакции, сметајќи го изборот за премногу смел и невкусен.

Џенифер Лопез во креација на Charbel Zoe Џенифер Лопез во креација на Charbel Zoe

Ако гледаме по боите, црната и црвената најмногу доминираа. Рита Ора исто така имаше смел фустан, во црвена боја со потпис на Дона Каран. Принтовите беа малку застапени, како и смели стилски комбинации.

Рита Ора во креација на Дона Каран Рита Ора во креација на Дона Каран

Дизајнерско име што можеби најмногу се повторуваше беше Балман, но сите различно ги носеа неговите креации, што секако на едни им се допадна, а на други не. Така, не сите беа воодушевени од појавата на Ким Кардашијан во негова креација, што не може да се рече за Џоан Смолс или Шанел Иман.

Дамите на Балман - Џордан Дан (од десно), Џоан Смолс, Ким Кардашијан, Шанел Иман Дамите на Балман - Џордан Дан (од десно), Џоан Смолс, Ким Кардашијан, Шанел Иман

Ако се музичките настапи во прашање, тогаш може да се каже дека Бијонсе беше главната ѕвезда, а воедно беше и изведувач со најмногу номинации (осум), меѓу кои оние за  видео на годината, најдобро женско видео, најдобра кореографија.

настап на Бијонсе

Нејзиниот сопруг успеа да ја расплаче, а ќерката да ги освои најголемите симпатии од сите врачувајќи и ја Michael Jackson Video Vanguard наградата.

Бијонсе со семејството при врачување на наградата

За сите љубители на нејзината музика, таа имаше маратонски настап, со дури 14 песни.

Бијонсе настап

Освен неа, на сцената се појавија и Иги Азареа, Ашер, Ариана Гранде, Ники Минаж, Џеси Џеј и многу други. Меѓу презентерите пак, се најдоа и Гвен Стефани, Ким Кардашијан, Деми Ловато, Тејлор Шилинг, Лаврин Скот, Нина Добрев...

Ако Кети Пери копираше на црвениот килим, со тоа се соочи Тејлор Сфивт на сцената. Имено, младата пејачка носеше креација на Емило Пучи, истата што Бијонсе ја носеше на концертот во Атлантик Сити.

Контроверзната Мајли Сајрус освои награда за најдобар видео-запис за песната Wrecking Ball. Сепак, таа остана да седи во публика, задржувајќи ги солзите, додека бездомникот што го прати на сцена, ја прими нејзината награда. Тој одржа говор во корист на 1, 6 милиони деца и млади бездоминици во САД, што исто така предизвика многу емоции.

настап на Ариана Гранде настап на Ариана Гранде

Ед Ширан ја зема наградата за најдобар машки видео спот за песната Sing, додека најдобра тинејџ сензација е Ариана Гранде. Меѓу наградените се и:

Најдобро хип-хоп видео: Дрејк и Маџид Џордан - Hold On

Најдобро поп видео: Ариана Гранде и Иги Азалеа - Probelm

Најдобро рок видео: Лорде  - Royals

Најдобра соработка: Бијонсе и Џеј Зи - Drunk in love

Најдобро видео со социјална порака: Бијонсе - Pretty Hurts

Најдобро видео : Бијонсе - Pretty Hurts

Најдобра режија: Еминем- Rap God

Најдобра кореографија: Сиа - Chandelier

Најдобро женско видео: Кети Пери - Dark Horse

Во продолжение погледнете ја комплетната галерија од црвениот килим:

Објавено:
25 август 2014
Категорија: 
Сцена