На денешен ден е родена Кара Делевињ

12 август 2023

Британскиот модел Кара Делевињ е родена на денешен ден 1992 година во Лондон.

Потекнува од богато семејство и линија на благородници. Има две постари сестри и еден полубрат.

Малкумина знаат дека уште на десет годишна возраст била за прв пат сликана за Vogue Italia.

Нејзиниото образование до 16 годишна возраст се одвива во училиште за девојчиња во Лондон, а на само 15 години започнува битка со депресијата и анксиозноста, за коишто ќе говори и јавно подоцна.

Кара и покрај предизвиците не застанува па така се запишува на студии по драма и музика.

Една година подоцна решава да се откаже и да тргне по стапките на сестра си Попи во моделингот.

Нејзината специфична убавина ќе биде добредојдена во светот на модата, а Кара два пати ќе биде избрана за модел на годината во Велика Британија во 2012 и во 2014.

Лондонската модна недела во 2011 година, ќе биде нејзиното прво искуство на модната писта.

Веќе следната година таа е дел од шоуто на Викторија Сикрет со што стекнува огромна препознатливост.

Кара има работено за најдобрите модни брендови, вклучувајќи ги Burberry, Chanel, Moschino, Oscar de la Renta и Stella McCartney.

Освен моделингот таа се има појавено и во неколку филмови како Anna Karenina, The Face of an Angel, Paper Towns, Suicide Squad, Tulip Fever и други.

Делевињ свири на тапани и гитара, а се има испробано и како пејачка.

Заедно со нејзините сестри Клои и Попи има претставено линија на веганско вино Просеко наречена Della Vite.

Кара исто така има и дизајнирано облека за DKNY и Mulberry.

Таа отворено зборува и за нејзиниот приватен живот, а досега била поврзана со повеќе девојки, вклучувајќи ја и актерката Мишел Родригез.

Го издвојуваме најдоброто од неа – Среќен роденден Кара.

Фото:Pinterest

Објавено:
12 август 2023
Категорија: 
Сцена