Без разлика на тоа кој е вашиот личен став во однос на MTV EMA наградите, многумина би се согласиле дека сè помалку познати личности одговараат на поканите да се појават на церемонијата, а дополнително, се забележуваат и сè помалку впечатливи креации на црвениот тепих.
Сепак, оваа година можеме да одвоиме неколку модни изданија кои несомнено успешно го привлекоа вниманието на публиката, модните критичари и медиумите. Еден таков пример е секако Тејлор Свифт која се појави во впечатлив фустан кој се состоеше од црно едноставно боди и мрежесто здолниште, збогатено со блескави зелени дијаманти. Креацијата беше со потпис од Дејвид Кома, а пејачката ја надополни со крупен накит.
Фото: Getty
Овогодинешниот настан се одржа во Дизелдорф, а презентери беа Рита Ора и Таика Вејтити. Ора носеше комбинезон од тантела дизајниран од Ели Сааб.
Подоцна на црвениот тепих ѝ се придружи Маја Јама, која се одлучи за црн фустан со проѕирни пруги и наметка, а Бебе Реџа во структуриран син кадифеен фустан.
Фото: Getty
Настапија Стормзи, Ава Макс и Луис Капалди, но секако главниот фокус беше на добитниците на наградите ЕМА. Хари Стајлс беше номиниран во седум категории, а освои две награди, а веднаш по него со најмногу награди беше Тејлор Свифт која освои четири награди од шесте за кои беше номинирана.
Фото: Getty
Погледнете како изгледаа останатите најдобро облечени присутни на манифестацијата.
Фото: Getty