Најдобрите стајлинзи на Оливија Палермо од модната недела во Париз

8 јули 2016

Таа е редовна посетителка на сите модни настани ширум светот, па сосема очекувано беше да ја видиме на ревиите од високата мода во Париз. Последниве неколку дена, привремената адреса на прекрасната Оливија Палермо беше токму Париз каде можевме да ја видиме во неверојатно стилски комбинации.

Ревијата на Диор

Њујоршката трендсетерка седеше во првите редови на ревиите на сите познати модни куќи меѓу кои и Диор, Валентино, Алексис Мабил, Џамбатиста Вали и Скјапарели, а за секоја од нив одбра навистина стилски и совршено комбинирани стајлинзи.

Џамбатиста Вали

Свежото време во Париз беше одлична можност да ја видиме Оливија во некои парчиња од есенските колекции на светските дизајнери, а речиси секое од нив таа го комбинираше на свој начин.

Скјапарели

Најголем впечаток дефинитивно остави со фантастичниот сребрен фустан со реси во кој се појави на ревијата на Валентино, а кој го збогати со лакирани ниски чевли, стилски очила за сонце и нежна шминка и фризура.

Валентино

Подеднакво прекрасно изгледаше и во целосно црниот стајлинг на ревијата на Алексис Мабил за која одбра темни фармерки, црна лежерна кошула и шик црна кожена јакна.

Алексис Мабил

Погледнете ги петте најдобри комбинации на Оливија Палермо која никогаш не греши! 

Објавено:
8 јули 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
891 пати