Во сублиматите за годината што изминува неизбежно е да се посочат и оние двојки кои благодарение на беспрекорната стилска комапктибилност, важат за стилски парови што ги диктираат трендовите. Во продолжение издвојуваме четири најстилски парови за 2014, од кои два, токму годинава го кажаа судбоносното „да“, а другите два, продолжија да ја слават љубовта во заедничкиот живот. Тие се секогаш модно компатибилни, како на црвените килими, така и во кежуал пригодите.
Кејт Мос и Џејми Хинч
Не е случајно што ги нарекуваат „Rock Royalty" бидејќи тие се синоним за трендот кој беше актуелен во деведесеттите години на минатиот век, односно спој на рок ѕвезда и супермодел. Кејт Мос важи за стилска икона, а стилот на Џејми е боемски. Често на себе носи многу сребрен накит, обожава марами, елеци и волуменозни капути. Токму затоа, Кејт и Џејми се еден од најдобро облечените парови во Велика Британија.
Бехати Принсло и Адам Левин
Пејачот на Maroon 5 и Леонардо ди Каприо важеа за најпознати ловци на манекенки, но Бехати ја прекина оваа традиција и успеа да го задржи Адам Левин само за себе. Парот има сличен стилски вкус во однос на кежуал комбинациите, односно фармерки и маици со интересни натписи, а за свечени пригоди манекенката одбира фустани кои ја истакнуваат нејзината фигура, најчесто со потпис од Ентони Вакарело и Балман. Од друга страна, Левин кога станува збор за свечени пригоди, останува верен на дизајнот на Том Форд.
Оливија Палермо и Јоханес Хуебл
Ова е дефинитивно еден од најомилените парови на глобално ниво. Палермо и Хуебл годинава стапија во брак на церемонија во Њујорк, каде таа носеше венчаница, со потпис од Каролина Керера. Беспрекорни во секој поглед, тие секогаш воодушевуваат со секоe појавuvawe, а токму ваквиот статус, придонесе да склучат голем број соработки на моден план, меѓу кои се ангажманот на Оливија како модел и дизајнер и кампањата на Јоханес за Зара.
Викторија и Дејвид Бекам
Британците беа воодушевени од одлуката на Бекамови да го напуштат Лос Анџелес и да се вратат во Лондон. Викторија изгради култен статус во модните кругови и тоа благодарение на феноменалните деловни стајлинзи, а Дејвид веќе години наназад важи за еден од најдобро облечените мажи во светот.