Најубаво облечените трудници во светот

19 декември 2014

При крајот на секоја година се сумираат резултатите од различни сфери, а дел од работите по кои ќе се памети 2014 година е трендот „baby boom“ во Холивуд. Голем број познати дами ги покажаа трудничките стомачиња и тоа во интересни и впечатливи стајлинзи.

Блажената состојба не ги промени навиките на модните трендсетерки кои секогаш обрнуваат внимание на изгледот, туку напротив, промените ги прифатија како моден предизвик. Во текот на деветте месеци, речиси беше невозможно да бидат сликани во некое чудно и несоодветно издание. Со своите улични стајлинзи воодушевија Оливија Вајлд, Лив Тајлер, Гвен Стефани и Кира Најтли, а најубаво облечени трудници од црвените килими се Зое Салдана, Доцен Крос, Скарлет Јохансон и дефинитивно доминантната „трачарка“ Блејл Лајвли.

Објавено:
19 декември 2014
Категорија: 
Сцена