Тејлор Томаси Хил – Поранешен директор за Moda Operandi, моментално е уредник во Marie Claire. Таа е вистински камелеон кога станува збор за изгледот бидејќи ги прати модните трендови и секогаш знае да изненади со нешто интересно и модерно.
Оливија Палермо – ТВ ѕвезда и уредник на сопствената веб страна. Оливија е успешна во правењето на миксови, односно е добра во експриментирањето со разни принтови, тренди парчиња и аксесоари.
Ана Винтур – Главен уредник на Вог од 1988 година. Кога станува збор за Винтур доволно е да се каже дека сама по себе е модна институција и дека има оставено длабок печат во модниот свет.
Елена Перминова – Руски модел. Дружењето со Мирослава Дума и Улијана Сергеенко е доволен доказ дека е една од најдобро стилизираните жени во Русија, а и пошироко. Секогаш е дел од фото галериите за уличните стајлинзи поради тренди комбинациите, а од модните брендови најчесто може да се забележи во креации на Диор и Кензо.
Попи Делевињ - Британски модел и постара сестра на Кара Делевињ. Често може да се забележи во комбинација од тренди и винтиџ парчиња. Таа е една од најдобрите амбасадори на Шанел.
Емануела Алт – Главен уредник на францускиот Вог. Французинките се познати по истенчениот вкус, а тоа е и случај со Алт, која одлично знае да ги вклопи машките модни парчиња и да изгради софистициран феминистички изглед.
Сара Рутсон – Директор во Lane Crawford. Оваа трендсетерка го следи Азискиот моден пазар и токму тоа влијание може да се забележи и во нејзиниот стајлинг, кој е секогаш производ од тренди парчиња со интересни принтови и модни додатоци.
Ана Дело Русо – Уредник во јапонскиот Вог. Модниот ветеран има изградено стил кој секого го воодушевува. Ексцентричноста е нејзиниот заштитен знак и секогаш знае да изненади со нешто интересно на неа, без разлика дали тоа ќе биде некоја креација или пак добар избор на аксесоар.
Ханели Мустапарта – Поранешен модел, моден блогер и соработник на Вог. Норвешката убавица за брзо време сфати дека подобро би функционирала зад отколку пред камерите, обожава да ги комбинира парчињата од Стела Мекартни, Филип Лим и Мулбери.
Улијана Сергеенко – Моден дизајнер. Воодушевува со својот изглед кој е мешавина од бабушка стилот во една модерна конотација. Нејзиниот стил е пред се женствен, а доколку сакате да изгледате како неа, добро би било да почнете да вложувате во безвременски парчиња како што се фустаните од Луј Витон.