Највлијателните имиња во модното новинарство

17 јули 2013

Можеби Марк Џејкобс,  Донатела Версаче или Оскар де ла Рента владеат на модните писти и ја уживаат најголемата популарност во модната индустрија, но управувачкото кормило кое ги насочува главните текови и ги избира приоритетите во овој бизнис е во рацете на највлијателните медиумски ликови.

Тие ги диктираат насловните страници на најдоминантните светски модни магазини, внимателно ги селектираат поканите за импозантните модни шоу програми, за нив секогаш се резервирани првите редови,  а нивните колумни се дефинираат како модна литература која го моделира јавното мислење.

Челните луѓе на Vogue, Elle, Harper’s Bazaar, Marie Clarie, Cosmopolitan, Grazia, го имаат приматот кога некое анонимно име од модниот свет се трансформира во ѕвезда или ги селектираат модните икони на новото време.

Ана Винтур Ана Винтур

Ана Винтур е жива легенда во модниот бизнис. Главната уредничка на амерканскиот Vogue  е еден од највлиајтелните фактори во креирањето на светската модна мапа.

Нејзините блиски соработници одамна констатираа дека доколку Винтур има симпатии кон одреден модел, тогаш неизбежна е неговата судбина на планетарна ѕвезда. Тоа што таа го носи на себе автоматски станува тренд, а да се биде во нејзино друштво е престиж.

Дијана Вриланд Дијана Вриланд

Дијана Вриланд беше уредник во Harper’s Bazaar цели 26 години, почнувајќи од 1936 година пред да го заземе уредничкото место во американскиот Vogue во 1963 година. Важи за една од најзначајните жени во модната индустрија која постави свои препознатливи стандарди во новинарството.

Андре Леон Талеј Андре Леон Тејли

 

Андре Леон Тајли со триесет годишна кариера во Vogue го има авторитетот на модно гуру кое ја користи својата позиција за да ги промовира младите дизајнерски имиња кои ги задоволуваат стандардите на неговиот префинет вкус. Новите амбиции денеска ги остварува на челната позиција на рускиот моден магазин Numero Russia.

Нина Гарсија Нина Гарсија

Нина Гарсија ја препознаваме како одмерено и респектирано новинарско перо, еден од водечките ликови во модните магазини Elle и  Marie Clarie,  а ја гледавме и како дел од жирито на монументалното Тв шоу Project Runway.

Оваа привилегирана листа на најзначајните имиња од светот на модата циркулира во еден затворен круг каде да се добие свое место е можност само за кремот на светската модна елита.

Објавено:
17 јули 2013
Категорија: 
Сцена