Познатите актерки Сиена Милер и Наоми Вотс вчера ја промовираа новата серија „The Loudest Voice“ во Њујорк и вниманието го привлекоа со својот изглед.
Тие две покажаа дека црната и белата се секогаш добар избор за свеченост, како и тоа дека апсолутно е оправдано што важат за едни од најубаво облечените жени во шоу-бизнисот.
Наоми се одлучи за црн фустан од канадскиот бренд „Ердем“. Фустанот е со долги ракави, миди должина и висок околу вратник, но со комбинација од сатен, кадифе, везени детали и тул, ја прави оваа креација мошне интересна. Црните лакирани салонки и клач чантата се доволни за заокружување на изгледот.
Од друга страна, Сиена Милер, се одлучи за поедноставна креација, но не помалку впечатлива.
Белиот макси фустан, во грчки стил, со нагласена половина ѝ прилега одлично и е вистински избор за летен стајлинг. Креацијата е од брендот „Оскар де ла Рента“ и тоа од актуелната ресорт колекција.
Инаку, новата серија ја претставува приказната за подемот и падот на поранешниот претседател и извршен директор на Фокс Њуз, Роџер Алиес, кој го толкува Расел Кроу.