Неверојатната животна приказна на руската Пепелашка Елена Перминова

7 април 2015

Кога ќе се спомене нејзиното име, она на што веднаш ни текнува е дефинитивно шик девојка со беспрекорно чувство за мода. Прекрасната Русинка, Елена Перминова е дефинитивно една од најубавите жени во Русија која секогаш знае да ја направи вистинската комбинација.

Покрај со нејзината неверојатна животна приказна, вниманието во модната индустрија таа го привлече со изостреното чувство за стил и шармот со кој плени каде и да се појави.

Иако нејзиниот семеен живот го држи далеку од очите на јавноста, она со што предизвикува огромно внимание е нејзината љубов кон модата. Таа дефинитивно е миленичка на многу од светските дизајнери на чии ревии речиси секогаш можеме да ја видиме во првите редови.

Покрај тоа што денеска сакаме да ви ги прикажеме нејзините најубави комбинации за оваа сезона, накратко сакаме и да ви ја раскажеме нејзината приказна.

Таа пораснала во Сибир во сиромашно семејство кое увезувало работи од Кина и ги препродавале на локалниот пазар. На 16 години, таа била уапсена додека препродавала дрога во ноќни клубови.

 

Иако потоа и помагала на полицијата за да уапси некои од најголемите нарко – дилери, таа сепак на крајот завршила во затвор.

 

Токму тогаш, таа го запознала нејзиниот сопруг, 55 годишниот политичар Александар Лебедев кој во тоа време бил еден од најактивните во програмата за заштита на сведоци.

„Бев многу млада, бев целосно слепа. Тој беше мојот ангел чувар.Немам друг збор за него“, изјави Елена во едно интервју.

Покрај тоа што таа денеска е модна икона на Русија и девојка со исклучителен стил и шарм, таа е горда мајка на три деца и сопруга на еден од највлијателните руски бизнисмени на сите времиња.

 

Нејзината фасцинантна животна приказна останува да сведочи за тоа дека таа дефинитивно е Пепелашка на модерното време!

Објавено:
7 април 2015
Категорија: 
Сцена