Никол Кидман е вистинска модна дама на насловната на списанието The Edit

1 септември 2014

Австралиската русокоса актерка, Никол Кидман е хероината во новото издание на магазинот „The Edit“. Фотографските кадри се ремек дела кои одлично ја прикажуваат како внатрешната, така и надворешната убавина на актерката. За фотографскиот момент се погреши генијалниот Стивен Пан, а Кидман на фотографиите носи креации од зимските колекции на дел од најеминентните модни куќи Гучи, Долче и Габана, Ердем и DKNY.

Освен прекрасниот и неверојатно грациозен едиторијал, Кидман во новото издание на „The Edit“ во своето интервју повторно открива детали за разводот со актерот Том Круз кој се случи пред точно тринаесет години. Русокосата убавица раскажува и сегменти од нејзиниот приватен живот, зборува за својата улога како мајка и сопруга и вели дека да се биде мајка е навистина благородно и убаво чувство и дека таа има навистина среќен брак. Добитничката на златниот Оскар и музичарот Кит Урбан се веќе осум години заедно.

„Сега можам да кажам дека конечно сум во хармонија со сама себе. Понекогаш едноставно мора да поминете низ болка и депресија за да доживеете целосна реинкарнација. Но, тоа е животот, тој е изграден од контрасти“, вели Кидман.

Во продолжение погледнете ги ексклузивните фотографии од беспрекорно сработениот едиторијал.

 

Објавено:
1 септември 2014
Категорија: 
Сцена