Ноемвриското модно шоу на Меланија Трамп

1 декември 2017

Од моментот кога Доналд Трамп стана кандидат за претседател на САД, Меланија Трамп е во фокусот на медиумите, а особено оние модните.

Со оглед на тоа дека се соочуваше со бојкот од голем број дизајнери, а поради политиката на нејзиниот сопруг, за само неколку месеци со нејзиниот стил успеа да го освои дури и „Вог“.

Нејзиниот стилист Ерв Пјер, поранешен дизајнер во брендот „Каролина Ерера“, успеа да го усогласи својот естетски сензибилитет со нејзиниот, па Меланија Трамп стана синоним за елеганција и женственост.

А тоа го потврди и минатиот месец. Доналд Трамп и таа беа на 11-дневна турнеја низ Азија, период во кој првата дама покажа беспрекорен стил.

Освен тоа, беше актуелна со активностите околу новогодишните декорации, па ноември беше месец во кој таа приреди навистина одлично, но и скапо модно шоу.

На пример, прекрасниот фустан од брендот „Borgo De Nor“, со кој започна турнејата, чини 1.100 долари (900 евра).

„Фенди“ капутот пак чини речиси 5.000 евра, црвениот „Валентино“ фустан околу 3.500 долари (3.000 евра). Прекрасниот бордо капут од „Делпозо“ преку 4.000 долари(3.300 евра).

Вечерната тоалета со потпис на „J.Mendel“ чини преку 12.500 долари (околу 10.000 евра), додека чевлите дизајнирани од Маноло Бланик и Кристијан Лубутан во просек чинат околу 600 долари (500 евра).

Кога ќе се соберат цените (барем оние што се познати) на нејзините стајлинзи, пресметката вели дека за Меланија да изгледа така чини околу 50.000 долари (преку 42.000 евра).

Во продолжение погледнете ги нејзините модни изданија во ноември, вклучувајќи ги и оние за време на турнејата:

Заминување од Белата куќа за турнејата – 3.11

Син капут„Емилио Пучи+сини „Лубутан“ чевли

 

Во посета на Перл Харбор – 3.11

Фустан „Диор“ + чевли „Маноло“

 

Заминување од Хаваи – 4.11

Borgo De Nor фустан+балетанки „Лубутан“ =945 евра

 

Турнеја Азија (Јапонија) – 5.11

Капут фенди, со цветнни 3Д апликации на џебовите+ чевли „Маноло“=4.600 евра

 

Црн фустан од Ерв Пјер+чевли „Маноло“(500 евра)

 

Турнеја Азија (Јапонија, Токио) – 6.11

Син „Диор“ фустан +чевли (Маноло)=3.500 евра

 

Валентино фустан = 4.225 евра

 

Турнеја Азија (Јужна Кореја/Кина) – 7.11

Бордо капут од „Делпозо“ + сини „Лубутан“-ки = 4.080 евра

 

Вчерна тоалета од J.Mendel=10.500 евра

 

Турнеја Азија

Црн капут+црни „Лубутан“ чевли

 

Турнеја Азија (Кина) – 9.11

Фустан „Долче и Габана“ со цветни апликации

 

Фустан со потпис на „Гучи“

 

Турнеја Азија (Кина) – 10.11

Црн капут+беж здолниште+ремен + Лубутан балетанки за посета на Кинески ѕид

 

20-ти ноември

Ролка „Викторија Бекам“+кожено здолниште од Ерв Пјер+капут „Стела Мекартни“.

 

22 –ти ноември

Розова кошула од J.Crew+џинс

 

24-ти ноември

Црвена ролка „Ралф Лорен“+џинс+капут „Калвин Клајн“+чизми „Викторија Бекам“

 

26-ти ноември

Во Белата куќа во широк џемпер на „Acne Studio“+џинс+чизми „Викторија Бекам“

 

27 –ми ноември

Белата куќа со новогодишни декорации – „Диор“ фустан+златни „Лубутан“ чевли

 

28 –ми ноември

Палење на сијаличките на елката во Вашингтон во близина на Белата куќа -  капут „Шанел“+ „Лубутан“

 

фото извор: instyle.com; dailymail.co.uk; nytimes.com; popsugar.com; independent.ie; vogue.com; 

Објавено:
1 декември 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.509 пати