Нов парфем со потписот на Бијонсе

13 јуни 2013

Во чест на нејзината успешна турнеја Mrs. Carter Show, Бијонсе лансираше нов парфем, подарок за сите свои обожаватели.

Новиот мирис, кој на полиците на парфимериите ќе се најде во текот на овој месец, претставува мирисно продолжение на веќе познатиот и популарен парфем „Heat“, кој исто така го носи потписот на оваа славна пејачка.

 

 

Beyonce Heat Mrs Carter Show World Tour Limited Edition, е целосното име на новиот парфем кој е спој од егзотична и атрактивна мешавина на свежо овошје и тропско цвеќе, пропратена со елегантни ноти на од дрвена кора и смирени есенции од ванила.

 

 

 

 

Објавено:
13 јуни 2013
Категорија: 
Сцена