Нова генерација на модни детски икони

29 јануари 2014

Харпер Бекам

 

После Сури Круз и внуката на Ванг, Алија, се појавија некои нови деца кои ја освојуваат модната сцена. Благодарение на родителите кои се веќе навлезени во модниот свет, овие дечиња до сега беа сокривани од папараците. Но, дел од нив сега свесно се пред камерите и апаратите.

Синот на Рејчел Зои е еден од најинтересните модно освестени момчиња. Сака да позира, носи Tod's мокасини и Пучи плетени парчиња, а мајка му не го испушта од вид ниту за време на своите ревии.

 

Skypalr Berman - Rachel Zoe

 

Колешката на Рејчерл, Никол Ричи во бракот со Џел Маден доби близнаци, девојчето Харлоу и синот Спароу. Малата Ричи ги обожава костимите на принцеза, а Спароу носи бохо џемшери и очила за соцне, како неговиот татко.

 

Харлоу и Спароу со мама Никол Ричи

Близнаци има и Џенифер Лопез - Ема и Макс, кои со неполни две години се најдоа во реклама на Гучи.

Макс и Ема Ентони со мајката Џенифер Лопез

Но нивниот моден ангажман не може да се мери со оној на малиот Хадсон Кроенинг, кого таткото Бренд со неполни година дена го донесе на пистата на Шанел. Сега гордо ги затвора ревиите на кумот Карл и ја држи за рака Кара Делевињ.

 

Хадсон Кроенинг

 

Но, не е единствен. Кара за рака ја држи и Рајли Дан, кој ја смета и за најдобра другарка. Синот на Џордан Дан е опкружен со убавици, кума му е Карли Клос, а останатите манекенки не го испуштаат од рака кога ќе се појави во мини Кензо џемпери и блузони.

Рајли Дан - синот на Џордан Дан

А еве уште неколку од идните модни ѕвезди:

Џејмс Вилки Бродерик Џејмс Вилки Бродерик

Марион и Табита Бродерик - ќерки на Сара Џесика Паркер и Метју Марион и Табита Бродерик - ќерки на Сара Џесика Паркер и Метју

Мадона со синот Дејвид Мадона со синот Дејвид

Захари Фурниш Џон со татко му Елтон Захари Фурниш Џон со татко му Елтон

Гвен Стефани со децата Кингстон и Росдејл Гвен Стефани со децата Кингстон и Росдејл

Блу Ајви со родителите Блу Ајви со родителите

Објавено:
29 јануари 2014
Категорија: 
Сцена