•
18 февруари 2020
После „Санремо“, тенисерот број еден во светот, Новак Ѓоковиќ, продолжи со настапите.
Овој пат му се придружи и сопругата Јелена, на еден настан во Белград, а заедно ја испеаја „Ти си моја чоколада“.
Видеото и приказната како се случил дуетот, ја објави дамата на својот Инстаграм профил.
„Вечерва славевме љубов, доброчинителството и младите луѓе, идните лидери на нашата земја, со прекрасната претстава во „Ателје 212“, „Брод плови“, со нашите семејства, пријатели и донатори од фондацијата „Ѓоковиќ“. Нè повикаа на сцената и предизвикаа да пееме. На Новак убаво му дојде подготовката на „Санремо“, а јас... јас едноставно немам оправдување“, напиша Јелена.
Погледнете:
View this post on Instagram