Потсетувајќи нѐ на прекрасната и единствена Одри Хепберн и нејзиниот беспрекорен стил, омилената ИТ девојка Оливија Палермо нѐ враќа во 60 – тите со одличниот едиторијал за магазинот The Edit.
Шармантната и секогаш стилска Оливија, изгледа како вистинска ретро дива од 60 – тите во раскошни парчиња од есенските колекции од големите модни куќи како Валентино, Гучи и уште неколку други.
Оливија, која неодамна ја оствари првата соработка со брендот Aquazurra со кои направи неодоливи чевли, во интервјуто за магазинот говори за нејзините желби во иднина и таа самата да стане дизајнер.
„Во моментов, имам многу обврски. Многу би сакала во иднина да отворам сопствена модна куќа и самата да станам дизајнерка“, вели Оливија за The Edit.
Таа додава и дека покрај нејзините големи дизајнерски желби, не чувствува дека сега е вистинскиот момент за тоа, што не значи дека во блиска иднина нема да нѐ изненади.
Со оглед на нејзиниот секогаш беспрекорен и префинет стил и комбинации што само таа знае да ги направи, ние воопшто не се сомневаме во нејзиниот успех како дизајнерка на сопствена колекција и модна куќа!