Осман: Новиот миленик на холивудските диви!

12 јуни 2014

Сите овие прекрасни жени носат парчиња од еден ист дизајнер и сите изгледаат совршено! Не го препознавте?

Тоа можеби е така поради тоа што не се работи за ултра модерен и препознатлив бренд со огромен буџет и мал милион рекламни кампањи и фотосесии – токму поради тоа, тој со брзина на светлината стана еден од омилените на холивудските диви – уникатниот Осман!

Додека голем број на модни брендови секојдневно се рекламираат на безбројни начини преку холивудските девојки, вистинско освежување е овој неверојатен и шармантен млад дизајнер чии креации сѐ почесто можеме да ги видиме на црвениот килим.

Зое Кравиц Зое Кравиц

Неговото уникатно студио се наоѓа во Лондон и истото е милион пати помало од оние на големите дизајнери, а се повеќе посетено во последно време.

Целосното име на овој креативен млад човек е Осман Јусефзада и има потекло од Авганистан, но е роден во Бирмингем. До неодамна, тој беше уште еден во низата дизајнери кои сонуваат да ги облекуваат големите светски ѕвезди со мала публика од модни уредници и уметници кои ја обожуваа неговата работа.

Откако единствената Бијонсе во 2013 носеше црно – бела креација на британскиот дизајнер, се чини модната полиција не престана да го прогонува. Со оглед на тоа што многумина оваа комбинација на Бијонсе ја прогласија за една од најдобрите, нормално беше дека работата на Осман ќе се зголеми за милион пати.

Неговата неверојатна способност да облече толку многу различни жени и сите тие да изгледаат подеднакво уникатно и прекрасно, е најверојатно неговиот најголем талент, нормално, покрај огромниот талент за дизајнирање.

Како што самиот дизајнер ќе каже, неговото студио во Лондон е неговиот храм. На шега, самиот дизајнер ќе каже, тоа е неговиот скриен рај каде што може да се скрие од сите жени што непрестајно го прогонуваат.

Ен Хатавеј во креација на Осман Ен Хатавеј во креација на Осман

Очигледно, дизајнерот мисли на неговиот тим од 20 жени кои работат со него во последната година и кои што чуда прават. Својот тим тој го опишува како неверојатно организиран, нешто што многу му пречи, поради неговата навика постојано да работи сам и тотално неорганизиран.

Во моментов, талентираниот дизајнер работи со 10 – те најдобри стилисти на Холивуд кои постојано се во потрага по совршените комбинации за нивните клиенти – ѕвезди.

Кристен Стјуарт Кристен Стјуарт

Неговите дизајни денеска ги носат некои од најголемите ѕвезди во Холивуд – од Лупита Нјонго (која ги прогласи неговите панталони за нејзини нови најдобри пријатели), па сѐ до Маргот Роби и Алекса Чанф кои што секогаш одбираат нешто од неговата лежерна понуда.

Жените кои носат „Осман“ секогаш изгледаат како лудо да се забавуваат! Ова е само еден од описите што светските модни магазини го употребуваат за да ја опишат неверојатната работа на британскиот дизајнер. Тоа дека неговите креации се неверојатно удобни, доаѓа веднаш зад забавата, но и гламурот никогаш не се заборава да се спомене.

Лупита Нјонго во комбинезон на Осман Лупита Нјонго во панталони и маичка на Осман

Овој неверојатен уметник, син на авганистански столар и мајка – шивачка, пораснал употребувајќи ги единствено неговите раце за да прави убави нешта.

Години подоцна, тој се одличил да студира антропологија, а потоа се запишал и на Кембриџ, пред да одлучи дека во животот единствено сака да се занимава со мода, по што се запишал на Сент Мартин училиштето за уметност во Лондон.

Во 2007 – та година, тој го лансира својот бренд и уште од самиот старт ги привлекува жените со неговото неверојатно чувство за вистинската креација на вистинското место.

Оливија Вајлд Оливија Вајлд

Американската актерка Тенди Њутон е неговата прва холивудска клиентка, а оттогаш, тој воопшто и не може да ги изброи.

Во продолжение во галеријата погледнете некои од најдобрите креации на големиот дизајнер во кои неговите холивудски клиентки блескаат на црвените килими низ светот.

Објавено:
12 јуни 2014
Категорија: 
Сцена