Супермоделите од 1990-тите сè уште важат за едни од најубавите жени. И покрај тоа што на модната сцена се појавија нови, млади ликови што доминираат, не може да се рече дека Кејт Мос или Наоми Кембел немаат работа.
И покрај тоа што сè уште се посакувани, сепак имаат свои наследнички, односно двојнички. Времето се менува, но ако добро се погледнат двете постави на супермодели (оние од 1990-тите и овие сега), можеби некои работи и не се менуваат толку.
Сензбилитетот и впечатливоста што ја носи секој од супермоделите од претходниот век, се бара и сега, така што сличноста не изненадува.
Во продолжение погледнете ги денешните двојнички на шестте најуспешни модели од 1990-тите и тоа не само според физичкиот изглед:
Кејт Мос и Кара Делевињ
Двете се Британки, русокоси и неверојатно смели. Младата Кејт никогаш не дозволуваше да ја сфатат сериозно, а во тоа и помогнаа и бројните папарацо фотки од 1990-тите. Делевињ има сличен начин на хумор кога се медиумите во прашање. Се појави во комбинизон со животински принд, прави гримаси и ги покажува своите ставови преку тетоважите.
Клаудија Шифер и Џиџи Хадид
Клаудија Шифер се истакна преку кампањата за Guess Jeans, а сега Џиџи Хадид ги следи нејзините чекори, станувајќи заштитно лице на брендот. Инаку, Хадид е модел за овој бренд уште од двегодишна возраст, а оваа година ќе ја видиме како возрасна жена за пролетната кампања. Уште еден елемент за сличност се русите коси на моделките.
Линда Еванџелиста и Аризона Мјуз
Истакнатите јаболчници, изразените веѓи, продорниот поглед, речиси и да нема подобра физичка двојничка на Линда Еванџелиста од младата Аризона Мјуз. Линда во својата кариера има преку 700 насловни страници, а Аризона за досегашното петгодишно искуство има 24, што воопшто не е лошо за еден млад модел.
Кристи Тарлингтон и Карли Клос
Карли Клос јавно изјави дека Кристи Тарлингтон е нејзиниот модел – идол. Па не зачудуваат и сличностите. Првата ревија на Карли беше за Келвин Клајн во 2007, а Кристи соработува со брендот уште 1989 година. И двете имаат препознатлива американска природна убавина, а уште една работа што ги поврзува е филантропството. Тарлингтон е основач на здружението Every Mother Counts, додека Карли го поддржува глобалното донирање на храна.
Наоми Кембел и Џордан Дан
Покрај нивните облини, Џордан и Наоми ја делат страста за социјален активизам. Покрај тоа што имаат стотици кампањи и ревии зад себе, овие две манекенки со сите сили се трудат да се изборат за што поголема различност во модната индустрија, особено на расна основа.
Синди Крафорд и Суки Вотерхаус
Суки можеби е нова во моделингот, но нејзината младост едноставно свети, разбушавената костенлива коса и широката насмевка потсетуваат на младата Синди Крафорд. И покрај тоа што и на двете моделингот можеби им е посилна страна, тие се испробаа и во актерството. Синди се појави во хит филмот 54 и тв-серијата Cougar Town, додека Суки глумеше во Love, Rosie оваа година, а ќе ја има главната улога и во продолжението на Devergent.