Овој фустан е толку популарен што има свој Инстаграм профил

16 јули 2019

Секое лето постои барем еден фустан што сите девојки го обожаваат и често можеме да го видиме низ улиците или пак каде и да се појавиме.

Оваа сезона, тој фустан доаѓа од популарниот high street бренд Зара, има бела основа, црни точки и карнери што е и повеќе од доволно да биде толку обожуван.

Не поминува ниту ден, а да не го видиме овој фустан на некој од популарните фестивали, летни настани, промоции, кафулиња...

За кратко, овој фустан стана толку популарен што девојките му отворија и сопствен Инстаграм профил, а на истиот ќе можете да видите бројни комбинации со истиот од ширум светот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Hot 4 The Spot (@hot4thespot) onJul 11, 2019 at 11:47pm PDT

Она поради кое девојките дополнително го обожаваат овој фустан е тоа што има долги ракави, материјалот е ултра лесен и е со должина до глуждовите.

Девојките го носат со бели патики, со сандали, високи црни потпетици, со рамни балетанки, па дури и со црн ремен на половината и тоа за бројни пригоди.

Иако фустанот е ултра популарен и можете да го најдете во речиси сечиј плакар, има нешто толку привлечно во истиот што се чини никогаш нема да нѝ здодее.

На Инстаграм профилот погледнете како девојките го комбинираат истиот сезонава.

Инфо: Elle.hr

Фото: Daily mail, Elle. hr, Huffington Post

Објавено:
16 јули 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
791 пати