Палома Фејт секси во фотосесијата за Agent Provocateur

9 септември 2015

Британската поп пејачка Палома Фејт ги израдува сите нејзини обожаватели со веста дека е заштитно лице на брендот за долна облека Agent Provocateur за кои неодамна направи и секси фотосесија. 

Таа изгледа подобро од кога и да е во провокативните парчиња по кои брендот е познат, а пејачката предизвика вистинско лудило јавувајќи се на телефон и презентирајќи ја новата линија во продавницата во Лондон. 

Она што е навистина интересно е тоа што таа има работено токму во оваа продавница пред да стане позната поп пејачка. 

„Во животот имам работено само во оваа продавница, и морам да признаам дека тоа влијаеше на мојата личност и всушност на целиот мој живот. Кога влегов во продавницата навистина почувствував носталгија за тоа време кога не се грижев за ништо. Се замислив и си помислив колку добро си поминував во тие години“, изјави пејачката. 

Таа работела во продавницата цели три години и била личен асистент за шопинг на многу познати личности меѓу кои и Кејт Мос. 

„По неколку години работење со неа, таа еднаш ме праша што правам во слободно време, а јас токму тогаш и кажав дека пишувам песни и дека пејам по клубови. Кога ги слушна моите песни, ми рече дека тие се ужасни, но и дека јас имам неверојатна харизма, глас и карактер што треба да му се покажат на светот. Ми закажа состанок со менаџерот на Virgin Records, и така почна сѐ“, изјави пејачката.

Објавено:
9 септември 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
875 пати