За време на премиерата на на филмот „En los marjenes" во кој глуми силна и решителна жена,Пенелопе Круз зачекори на црвениот килим во костум позајмен од машката гардероба од Џорџо Армани.
Со овој избор на комбинација која ја надополни со вратоврска и нежен пар на сатенски салонки, актерката докажува дека дури и најмажествените стилски комбинации можат да изгледаат истовремено силно, независно, моќно, но и женствено.
Наедно, со овој изглед Пенелопе Круз потврдува дека ова модна опсесија која ќе се наметне во следниот период.
Како пример за тоа се и појавувањето на Ирина Шајк во машки костим и тенка вратоврска на ревијата на Џорџо Армани пролет/лето 2023 година во Милано, како и појавувањето на Бела Хадид на афтер-забавата на ревијата на Бурбери во Лондон, за која моделот се инспирираше од естетиката во филмот „Матрикс".
View this post on Instagram