Кира Најтли намерно или случајно сподели пет модни лекции за нејзините фанови, но и останатите дами.
Додека актерката оди на премиерите на нејзиниот најнов филм Boston Strangler, ја гледаме стилизирана баш онака како што прилeга на нејзиниот сензибилитет.
Така, таа беше забележана во аутфит од пролетната колекција на Гучи што наликува на модата од 40-те години – прекрасен шампањ костим со здолниште. На ова Кира имаше дополнување од црн ремен и впечатливи потпетици во панк стил.
Следно ја видовме во сиви нијанси. Џемпер од кашмир и макси здолниште со пердуви, додека чевлите и беа со потпис на Роџер Вивиер.
Третиот изглед го дефинираше со предимензиониран Валентино мантил во беж боја. Заедно со ова Кира комбинираше кожни чевли со ремчиња од Карел.
Четвртиот аутфит на актерката беше дело на Вирџини Вијард од колекцијата пролет/лето 2023. Полупроѕирен црн комбинезон обложен со циркони, комбиниран со блејзер, комплетиран со црни потпетици на платформа.
Последниот петти стајлинг на Кира беше со потпис на Симон Роча од колекцијата есен/зима 2023-2024. Најтли носеше златен фустан со нагласени ракави и црни сандали на платформа.
Фото: Vogue