Омилениот онлајн моден магазин The Coveteur повремено нѐ изненадува со неверојатно добри фотографии од некои од најубавите плакари на светот во сопственост на познати личности. 

Овој пат, креативниот тим на магазинот беше во посета на блогерката Шарлот Гронвелд која е позната по нејзината љубов кон минимализмот и модните додатоци. 

Како што и очекувавме, во нејзиниот плакар во фантастичниот стан во Њујорк, можат да се најдат чевли и чанти од последните колекции на светските дизајнери, но и прекрасни фустанчиња и здолништа во кои знаеме дека ќе заљубите од прва. 

Во плакарот можете да ги погледнете и најубавите модни додатоци од куќи како Селин, Клое, Гучи, Џими Чу и многу други кои Шарлот совршено ги комбинира со парчињата од high street брендовите. 

На дел од фотографиите може да се види и нејзината совршено бела бања, во која се фотографирани некои од нејзините омилени парчиња. 

Уживајте!

Објавено:
2 март 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.480 пати