Голема славеничка модна ревија, за првпат пред американската публика и познатите личности од светот на филмот и шоу бизнисот во чест на својата богата животна кариера, Џорџо Армани по четири години се враќа под рефлекторите на „Големото Јаболко“ и за време на отворањето на Петтата Авенија промовираше модели од својата колекција за висока мода. Настанот носеше симболичен наслов „One Night Only in New York“.
Вечер слична на онаа во Рим кога се отвори неговата нова продавница на улицата Кондоти, каде беа изложени модели од колекцијата „Eccentrico“, која откако ги прошета италијанските престолнини, па продолжи на другиот крај на светот во Токио и Хонг Конг, заврши во Њујорк, со обновен лик, a посетителите ќе можат да ја посетат и видат до утре. За време на настанот кој се одржа во SuperPier, продефилираа дизајни на Армани од различни сезони на линијата Armani Prive од 2005 година и целата колекција со наслов „Nude“ која беше презентирана минатиот јули во Париз.
Помеѓу гостите имаше голем број славни личности, особено актери и филмски личности, вклучувајќи ги Леонардо Ди Каприо, Мартин Скорсезе, Наоми Вотс, Глен Глоус, Исабел Ипер, Паоло Сорентино, Рене Зелвегер, градоначалникот на Блумберг кој сакаше 24 октомври да го прогласи за официјален „Армани Ден“, претставници на локалната власт, печати и медиуми.
„Ми се допаѓа Америка и Американците. Секогаш кога ќе се вратам, ми ја покажуваат својата восхит, љубов и почит со неверојатен ентузијазам, а тоа ми дава еден внатрешен мир. Постои кај нив една непосредност, на искрен начин да го искажат својот восхит, кој како моден дизајнер и претприемач, ме мотивира да работам со уште поголема посветеност и имагинација“, изјави Џорџо Армани.