Погледнете ја првата фотографија на Лејди Гага за кампањата на Версаче

25 ноември 2013

Лејди Гага елегантна како што не била никогаш до сега! Првата фотографија на контроверзната пејачка за кампањата на Версаче, дефинитивно покажува дека овојпат можеме да очекуваме нешто сосема поинакво од неа.

На фотографијата за кампањата пролет/лето 2014 на луксузниот бренд, пејачката е облечена во прекрасен виолетов фустан што совршено и прилега на нејзината фигура.

Таа е сосема нежно нашминкана, а нејзината долга руса коса едноставно е оставена да паѓа. Неверојатниот изглед на пејачката е надополнет со впечатлив виолетов прстен и уште неколку помали.

Пејачката своето воодушевување од соработката со Версаче, го сподели и со своите обожаватели на Твитер.

„Многу сум среќна што ќе работам со Версаче на нивната нова кампања. Што сакате вие да носите оваа пролет“, напиша Гага на Твитер.

Објавено:
25 ноември 2013
Категорија: 
Сцена