Таа е еден од најплатените супер модели на денешницата со годишна заработка од повеќе од седум милиони долари, а дека отсекогаш изгледала неверојатно слатко и шармантно покажуваат и овие фотографии кога таа имала само 13 години!
Прекрасната Миранда Кер досега била дел од некои од најпознатите и најдобри рекламни кампањи на некои од светски познатите брендови како H & M, Сваровски, Манго, Ескада, а последно нешто на што се восхитуваме е фотосесијата за парфемот на Ескада Joyful.
Назад во 1997 – та година, таа била откриена од модни агенти кои што и овозможиле неколку страници во магазинот Dolly, каде таа изгледа неверојатно слатко.
Веднаш по појавувањето во магазинот, шармантната Австралијанка почнала да добива многу понуди од различни магазини и брендови ширум светот. На почетокот на нејзината кариера на само 14 години, таа се појавила во рекламната кампања на познатиот бренд Рокси, One Teaspoon, Tigerlily и уште многу други.
По овој успех, многу од модните агенции во Австралија почнале да ја бараат Миранда да биде дел од нивниот тим, по што многу наскоро таа се преселила во Њујорк каде веднаш била ангажирана за брендови како Бетси Џонсон и L.A.M.B.
Во 2007 – та година, таа стана првиот ангел на брендот Викторија со потекло од Австралија. Денеска, таа е една од најплатените манекенки во светот со огромен број насловни страници и безброј рекламни кампањи и модни шоуа.
Погледнете како изгледала Миранда на почетоците на нејзината карирера.