Британскиот модел Попи Делевињ и сестра на познатата манекенка Кара, одлучи да има не една туку две свадбени прослави. Откако минатата недела официјално стапи во брак во Лондон и имаше спектакуларна свадбена прослава со многу славни гости, сега таа и нејзиниот сопруг Џејмс Кук направија прослава и во Мароко. Како што ги воодушеви сите со првата венчаница од Шанел, сега за втората церемонија таа носеше уникатна бохо венчаница од Пучи, дело на дизајнерот Питер Дaндас. Макси венчаницата е со инспирација од 70-тите и е прекриена со нежи цветни аликации во пастелна нијанса.
Во оригиналниот ориентален марокански амбиент од хотелот La Mamounia специјализиран само за ликсузни свадбени церемонии, присуствуваа многу славни гости меѓу кои: Сиена Милер, Алекса Чанг, Аризона Мус, Суки Ватерхаус, Џесика Харт и други. Во продолжение погледнете како изгледаше атмосферата на луксузната мароканска свадба на Попи.