Според последните извештаи, бројот на жртви во пожарите во Калифорнија се искачи на 44, а материјалната штета што овие историски пожари ја предизвикаа е огромна.
Неверојатните ветрови продолжуваат да им ја отежнуваат работата на спасувачите и пожарникарите, поради што се очекува уште поголема штета.
Повеќе од 300.000 луѓе морале да бидат евакуирани од нивните домови, а околу 100 тина сè уште се сметаат за исчезнати.
Познатите холивудски ѕвезди чии домови се наоѓаат во пределот со пожарите информираат дека нивните домови се во голема опасност да бидат проголтани од огнот, а дел од нив веќе ги изгубија имотите.
Актерот Жерард Батлер сними видео од неговото соседство кое исто така беше зафатено од калифорниските пожари, а снимката покажува колку ситуацијата е всушност сериозна.
View this post on Instagram
Тој е само еден од многуте кои ги загубија домовите во пожарот, а на листата утринава се додадени и пејачката Мајли Сајрус, пејачот и продуцент Робин Тик, додека домовите на Вил Смит, Лејди Гага и Кардашијанс биле навремено спасени, а тие евакуирани.
„Овде е како воена зона. На некој начин, секоја една куќа е уништена. Каква разлика може да направи еден ден. Моите мисли се со сите оние кои ги изгубија домовите во пожарите. Многу луѓе изгубија сè и ќе мора да почнат да градат од нула“, напиша тој покрај видеото.
Лејди Гага објави видео на Инстаграм како ја евакуираат од нејзината куќа и им посочи на обожавателите дека се е во ред, а во понеделникот се појави во едно засолниште на Црвениот крст каде два часа разговарала со евакуираните и пожарникарите.
Инаку, полицијата сè уште ги истражува причините за неверојатните и историски пожари во Калифорнија.
Инфо: Daily Mail, CNN
Фото: Daily Mail, CNN